Home ГОТВАЧ Јајце на око – оваа варијанта сигурно не сте ја пробале

Јајце на око – оваа варијанта сигурно не сте ја пробале

3708
G Natural

Состојки:

  • 2 кесички пудинг од ванила
  • 300 грама кајсии од компот
  • 400мл кисела павлака
  • 100 грама + 5 лажици шеќер
  • 700 мл млеко
  • ½ кесичка прашок за печиво
  • Ванилин шеќер
  • 100 грама брашно
  • 3 јајца
  • 100 грама путер
  • 2 лажици желатин
  • 300 мл сок од компот

Подготовка:
Тесто:
Со миксер изматете ги јајцата заедно со 100 грама шеќер и ванилин шеќер. Кога состојките ќе се соединат, додајте брашно и прашок за печиво. Претурете го тестото во намрсен калап и печете 20 минути на 200 степени.
Крем:
Во длабок сад ставете го млекото. Додадете 5 лажици шеќер и ставете го да се вари. Измешајте го прашокот за пудинг со неколку лажици млеко. Додадете го пудингот во врелото млеко и мешајте без престан. Кога пудингот ќе ја добие потребната густина, тргнете го од рерната. Додадете ја павлаката и промешајте. Оставете го кремот да се олади.
Врз испеченото тесто нанесете го кремот а врз него наредете ги половинките од кајсиите.
Сокот од компотот ставете го во длабок сад, додадете желатин и загрејте на рерна со мешање. Прелијте ги половинките од кајсиите со оваа смеса.
Добро изладете го колачот пред да го сервирате.
Добар апетит!

Јајце на око