Home ГОТВАЧ гезме Јајца печени во рерна (рецепт)

Јајца печени во рерна (рецепт)

9513
G Natural

Навистина многу брзо ќе ги подготвите, а се неверојатно вкусни и декоративни …
Состојки:
250 мл слатка павлака, 10 јајца, 200 гр сланина, шунка, свински врат (по желба), исецкана на коцкички, 100 гр кашкавал изрендан, 2 лажици лебни трошки, сол, бибер, малку свеж магдонос, масло
Подготовка:
– Еден огноотпорен сад намастете го со масло и ставете ја павлаката.

– Над павлаката искршете ги јајцата. Посипете со сол и бибер и по желба со сецкан свеж магдонос.

Јајца печени во рерна 1

– Одозгора распоредете ја сецканата сланина, посипете со рендан кашкавал и на крај и со лебни трошки.

Јајца печени во рерна 2

– Ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 20 минути.

Јајца печени во рерна 3