Home ГОТВАЧ Јафа топчиња – се јадат во еден здив

Јафа топчиња – се јадат во еден здив

2865
G Natural

Состојки:

  • 20 грама чоколадо за готвење
  • 150 мл.цеден портокал
  • 1 лажица мед
  • 40 гр. мармалад од портокали
  • 1 кора од портокал
  • 30 гр какао
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 300 грама посни бисквити

Подготовка:
Бисквитите прелијте ги со сокот од портокал, додадете ги медот, мармаладот, ванилиниот шеќер, истопената чоколада и ренданата кора од портокал. Добро измешајте за да се изедначи смесата, па ставете ја во фрижидер на 30-тина минути.
Потоа правете топчиња, извалкајте ги во какао и послужете.
Добар апетит!

Јафа бомбици