Home СОВЕТИ Измамете го мозокот за да јадете помалку – еве како

Измамете го мозокот за да јадете помалку – еве како

1754
G Natural

Една кутија сладолед од половина литар во себе содржи четири порции, но таа често се растопува, па вам ви изгледа како една. Откако ќе ја отворите, многу е тешко да се застане, а вашиот мозок не добива никакви предупредувања дека веќе е доволно.

Ако ова често ви се случува и вам, тогаш знаете за што зборуваме.

Универзитетот Корнел спроведе истражување во чиј склоп 100 ученици биле поделени во две групи. Нив им било дадено да грицкаат чипс, додека во меѓувреме гледаат видео исечоци. Во кутиите со чипс бил вклучен и црвено обоен чипс, при што секоја седма порција била со црвена боја. Групата која била послужена и со црвен чипс изела 50% помалку за разлика групата на која и’ бил даден само класичен чипс со жолта боја.

Храна

Многу студии докажуваат дека визуелните стимулации влијаат на нашите навики за јадење, позитивно и негативно. Сите имаме обичај да ја изедеме целата порција која ни е сервирана, дури и да ја „исчистиме“ чинијата. Но, исто така, ние реагираме и на визуелните знаци кои нè предупредуваат колку всушност сме изеле. На пример, помалку ќе јадете сладолед ако наместо кутија купите сладолед на стапче, бидејќи тоа ќе ви остави доказ дека веќе сте изеле одредена количина.

Без разлика дали се работи за хартија од чоколадо, пилешки коски или остатоци од изедена пица, дури и ако ние не сме свесни, нашиот мозок регистрира колку сме изеле.

Но, сепак постојат начини да се освестите:

Не јадете од кутија/кесичка

Избирајте ги чиниите и чашите кои претставуваат една порција за оброкот кој сакате да го изедете. Ако имате намера да изедете половина порција ориз или сладолед, не ставајте ги во дупло поголема чинија.

Поставете си визуелно предупредување за количината која ја јадете

Ставете лажици со определена мерка во кутијата со житарици. Веројатно повеќе ќе внимавате колку земате доколку ја знаете количината.

 Оставете ги доказите видливи

Кога јадете чоколадо, не ја фрлајте хартијата. Оставајте ги на куп за да видите колку сте изеле. Кога ќе сфатите, полесно ќе запрете.

Целта на оваа вежба не е да постанете опсесивни, туку повеќе да внимавате и да му дозволите на мозокот да ве освести, со цел да постигнете идеална рамнотежа во исхраната.

Храна
Извор: Идивиди