Home ГОТВАЧ Интересна идеја – Чизбургер салата

Интересна идеја – Чизбургер салата

3406
G Natural

Состојки:

  • 400 грама мелено месо ( по избор )
  • 2 лажички сенф
  • 200 гр кашкавал
  • 2 супени лажици кечап
  • 2 лажички зачин за скара
  • 4 големи кисели краставички
  • 1/2 главица кромид
  • 1 средна марула
  • 2 средни домати
  • 2 лебчиња (земички)
  • Масло за јадење

Подготовка:
Ставете го маслото за јадење да се загрее. Потоа ставете го меленото месо да се пржи, ставете ги сенфот, кечапот и зачинот за скара.
Додека се пржи месото лебчињата исечете ги на мали коцки, истото сторете го со краставичките и доматите. Марулата исечете ја на парчиња, кашкавалот изрендајте го на крупната страна на рендето а кромидот на кругови.
Тргнете го испрженото месо од оган и ставете го во друг сад. Во тавата во која го пржевте месото додадете малку путер и испржете ги исечканите коцки од лепините, пржете додека коцките не добијат румена боја.
Исечканите состојки измешајте ги заедно со прженето месо и коцките леб.
Добар апетит!

Чизбургер салата