Home ГОТВАЧ гезме Идеја за необичен појадок – Поховани варени јајца

Идеја за необичен појадок – Поховани варени јајца

4942
G Natural

Ова е навистина интересна идеја за совршено ДОБРО УТРО

Јајцата се варат – меко варени. Доколку немате апаратче за варење јајца, тогаш од кога ќе зоврие водата ставете ги јајцата и варете околу 5-7 минути.

Подгответе едно матено јајце за похoвање и презла. Сланината испржете ја исецкана на мали парчиња. Додадете ја во презлата, во која може да додадете и зачини по желба, но одлично одат оригано или свежо нане исецкано.

Потоа варените јајца излупете ги и похoвајте ги прво во матеното јајце а потоа и во презлата со сланина. Пржете ги во врело масло колку да похoваното добие убава браон боја. Служете ги топли.

Добар апетит!

Поховани јајца