Home ГОТВАЧ гезме ХИТ мезе – Ајдучки качамак

ХИТ мезе – Ајдучки качамак

4631
G Natural

Состојки

  • 1 л вода
  • 300 гр бело пченкарно брашно
  • 1 лажица маст
  • 2 средни главици кромид
  • 150 гр сланина
  • 150 гр кравјо сирење

Подготовка:
Во ладна вода ставете го пченкарното брашно, маста и сол, па  мешајте на оган додека да зоврие. Кога ќе зоврие, намалете ја температурата на најниско и оставете уште 20 тина минутки. Повремено мешајте.
После ова, извадете го качамакот во округла чинија или пак на даска. Додека се лади, на малку маст (или масло) пропржете го ситно сечканиот кромид и сланината. Откако ќе се испржат, ставете ги врз качамакот и посипете со рендано сирење.
Добар апетит!

Ајдучки качамак