Home ГОТВАЧ гезме Гурманско пиле – украс на трпезата

Гурманско пиле – украс на трпезата

5262
G Natural

Состојки:

  • 500 гр пилешко бело месо
  • 150 гр тенко сечкан димен врат
  • 250 гр тенко сечкан кашкавал
  • 150 гр тенко сечкана димена сланина
  • 4 јајца
  • 1 кисела павлака
  • 2 лажици лебни трошки

Подготовка:

Во подмачкан сад за печење наредете ја половина од белото месо кое предхотно сте го истенчиле со помош на толчник. Преку месото наредете го димениот врат, потоа кашкавалот, па сланината. Наредете ја останатата половина од месото. Јајцата изматете ги заедно со лебните трошки и павлаката и прелијте ги преку месото.
Печете околу 45 минути на 200 степени.
Оставете го месото да се олади ( дури може да преноќи во фрижидер). Потоа исечете го на коцки.
Добар апетит!

Гурманско пиле