Home ГОТВАЧ главни јадења Гурманска идеја – печени колбаси со зеленчук

Гурманска идеја – печени колбаси со зеленчук

4325
G Natural

Состојки:

  • 8 колбаси
  • 2 кромида црвени, исечени на крупни парчиња
  • 3 моркови
  • 2 парчиња пашканат излупен
  • 1 лажица маслиново масло
  • 2 лажички мед
  • 1/2 портокал изцеден и со изрендана кора
  • рузмарин 1 гранче

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Во тава за печење помешајте ги кромидот, пашканатот, морковите и маслиновото масло и печете 10тина минути. Додадете ги колбасите и печете уште 10 минути. Помешајте го медот со сокот од портокал и кората од портокал и додадете го врз зеленчукот и колбасите. Додадете и рузмарин и печете уште 15тина минути додека не се испечат колбасите.

Добар апетит!

Колбаси