Home ГОТВАЧ Готово за минутка – Ролат со кршени бисквити

Готово за минутка – Ролат со кршени бисквити

24376
G Natural

Состојки:

  • 400 гр. бисквити
  • 1 филџан млеко
  • 1 филџан вода
  • шеќер од 200-300гр
  • 1 чоколадо за готвење
  • 1-2 лажици какао
  • ½ коцка маргарин

Состојки:

Додека се зоврива млекото заедно со шеќерот, се кршат бисквитите во поголем сад. Потоа во зовриеното млеко се додава маргаринот, чоколадото и какаото. Сето тоа се меша и се додава во садот со бисквитите. Кога ќе се добие смесата се формира ролат со помош на најлонска фолија. Се остава да се олади и потоа може да се сече.

Добар апетит!

Бисквит ролат