Home ГОТВАЧ Готово за минутка – колач со готов пудинг

Готово за минутка – колач со готов пудинг

11509
G Natural

Состојки:

  • 1 пакетче пудинг од ванила без варење
  • пастеризирано млеко+кондензирано млеко
  • 3 пакетчиња ванилин веќер
  • 1 филџан слатка павлака
  • 5 супени лажици шеќер во прав
  • 1 пакетче бисквити
  • карамел сируп
  • лешници

Подготовки:

Пудингот се меша со пастеризираното и кондензираното млеко, при што количината треба да одговара на упатството за подготовка на пудингот, а соодносот треба да биде 2/3 пастеризирано и 1/3 кондензирано млеко.

Павлаката се меша со миксер со шеќерот во прав и ванилиниот шеќер во посебен сад.

Се додава лажица по лажица во пудингот, кој се меша постојано за да се изедначи смесата.

Во кутија за сладолед се става ред крем, ред бисквити, се поливаат со карамел сируп и редовите продолжуваат по истиот редослед, за на крај да се заврши со слој од крем.

Од горе се полива со сируп од карамела и со кршени ореви.

Добар апетит!

Пудинг колач