Home ГОТВАЧ бабини рецепти “Гнезда” од пуслици

“Гнезда” од пуслици

3937
G Natural

Состојки:

  • 4 белки
  • малку сол
  • 250 гр шеќер
  • 1 лажичка оцет
  • 1 лажичка нишесте

Фил:

  • 250 гр слатка павлака
  • овошје по желба

Подготовка:

Восад за матење се ставаат белките, малку се посолуваат и се матат на најголема брзина. Додека се матат, постепено се додаваат 2/3 од шеќерот. Кога белките ќе почнат да се претвораат во цврста пена, им се додава остатокот од шеќерот. Треба да се мати долго, белките треба да бидат добро изматени. Дали белките се добро изматени, ќе дознаете ако садот во кој ги матите го превртите наопаку, белките не смеат да се помрднат. Во цврсто изматените белки се додава 1 лажичка оцет и нишесте и се мати рачно додека смесата не се изедначи.
Рерната се загрева на 120°С. На плех, обложен со хартија за печење , со шприц се прават “гнезда” од белките (подлога и малку подигнати страници) и се печат (се сушат) околу 90 мин. Големината на круговите е по желба. Може да се направи една голема торта или повеќе мали, како порции. Кога на пуслиците ќе се направи коричка, рерната се намалува на 100°С и малку се отвора и пуслиците се сушат уште 30-ина минути. Потоа рерната се исклучува и се остава подотворена додека гнездата од пуслици не се изладат.
Слатаката павлака се мати додека не се претвори во шлаг и со неа се полнат “гнездата”. Врз шлагот се реди овошје по избор.

Добар апетит!

Пуслици