Состојки (за едно лице):
2 парчиња гиро пита
2 лажички маслиново масло
4 – 5 лажици сос од домати
1 шолја рендан кашкавал
Сувомесен производ по желба
Пармезан по желба
Подготовка:
Загрејте ја тавата на тивко, ставете едно парче гиро пита на маслиновото масло и веднаш нанесете тенок слој од сосот од домати и слој кашкавал.
Потоа ставете ја и втората гиро пита.
Со еден брз потег превртете ги.
Потоа нанесете уште еден слој кашкавал и салама или кулен по желба.
Почекајте да се стопи и горниот слој кашкавал додека не добие златно жолта боја.
Декорирајте со пармезан по желба.
Добар апетит!