Home ВАШИ РЕЦЕПТИ Генијална идеја: Овошна торта – зелена желка

Генијална идеја: Овошна торта – зелена желка

4313
G Natural

Овој рецепт ни го испрати нашата читателка Теута Фаризи од Гостивар.
Состојки:

  • Излупени и тенко исечени кришки од киви ( онолку колку што е потребно за да се формира обликот на тортата)
  • Банани исечени по должина
  • Кокосово месо ( 1/2 шољичка)
  • Кокосова вода ( 1/4 шољичка)
  • Урми, без семки ( 1/2 шољичка)

Подготовка:
Ставете го кокосовото месо, кокосовата вода и урмите во блендер и да се блендира додека не се добие смеса ( не премногу ретка, ако е ретка додадете уште урми)
Почнете со ред банани на дното на чинијата, потоа прелијте ја со смесата од кокос и урми, потоа се реди ред од кивите потоа пак од глазурата, потоa се реди еден ред банани. Продолжете со овој редослед, полека формирајќи полутопка на вашата чинија.
Кога сте ја формирале полутопката, налепете ја со кришки од киви и евентуално додајте глава нозе и опаш ( поради визуелен впечаток).
На здравје!

Зелена желка

Доколку и вие сакате да споделите со нас и нашите читатели некој ваш омилен рецепт, тоа можете да го направите на оваа страна во секцијата ИСПРАТИ РЕЦЕПТ, или на нашиот меил: info@hitportal.com.mk