Home ГОТВАЧ Фини лиснати погачици

Фини лиснати погачици

5755
G Natural

Состојки:

  • 1 кг брашно
  • 1 лажица шеќер
  • 500 мл јогурт
  • 250 гр маргарин
  • 4 јајца
  • 1 свеж квасец
  • 1 лажица сол
  • Фил по желба.

Предлог за фил=:
250 мл кисела павлака, 2 јајца, 100гр урда и 200гр ситно сечкана шунка.

Квасецот се разматува во 50-100мл млака вода со една лажица брашно и 1 лажица шеќер. Во поголем сад се става солта на дното од садот па потоа брашното. Во брашното се прави вдлабнатина во која се додава растворениот квасец и се замешува полека со лажица. Полека се додава и јогуртот кој претходно малку сме го загреале (не треба да биде топол, само да не е од фрижидер)и се меша заедно со брашното. На крај се додаваат и јајцата и со раце се замесува меко тесто. Така добиеното тесто се остава да стаса триесетина минути.
Стасаното тесто се дели на 4 дела, се замесува во топки и секја топка се работи на следниов начин:
Топката серазвлекува во кора, на средината на кората се ренда крупно ¼ од ладниот маргарин (ако не е ладен невозможно е да се изренда), потоа кората се преклопува на 4 дела, повторно се развлекува и повторно се преклопува на 4 дела. Така добиената дебела кора се остава да одмори уште половина час или додека не ја завршиме истата постапка со сите топки тесто.

Одморената дебела кора се развлекува во правоаголна кора која може да се филува на начинот кој најмногу ви се допаѓа. Филуваната кора се завртува во ролат и од ролатот како салама се сечат парчиња од околу 1,5 цм. Кришките се ставаат на плех, се оставаат да стасаат уште половина час, се премачкуваат со жолчка од јајце и се посипуваат со сусам или афион. Се печат на 180-200 степени околу 20 минути или додека не добијат убава златна боја.

Добар апетит!

Лиснати погачици