Home ГОТВАЧ Eврејска супа – најдобар лек против настинка

Eврејска супа – најдобар лек против настинка

5398
G Natural

Храна која најдобро превентивно влијае при појавата на настинка, но и најдобро ја лекува е оригиналниот рецепт за еврејска пилешка супа.

Диетите секако не се совпаѓаат со консумирањето на оваа супа, затоа што освен со витамини, многу е богата со калории. Но, американските нутриционисти советуваат дека треба да заборавиме на диетите кога станува збор за превенцијата од настинки во зимскиот период. Доколку настинките константно повеќе години наназад се занемаруваат можат да дојде до сериозно нарушување на имунитетот.

Пилешката супа, која ја препорачуваат нутриционистите е клуч на задржување на здравјето во текот на месец јануари. Според традиционалниот рецепт за оригинална еврејска пилешка супа, се користи разновиден зеленчук, икра од риба, покрај пилешкото месо, се става и сечкан пилешки џигер, а се избегнуваат зачините. Бојата и вкусот ќе го дадат самите продукти.

Овој оброк, кој најдобро оди со салата, со векови наназад го нарекуваат “златен оброк“ против настинка.

Еврејска супа
Извор: Inpress.com.mk