Home ГОТВАЧ Еве што појадува Новак Ѓоковиќ

Еве што појадува Новак Ѓоковиќ

3338
G Natural

Во својата книга „Сервирај за победа”, тенисерот напишал дека појадува супер овесни снегулки. Еве како се прават.

Состојки за две порции:

  • една шолја органски безглутеински овесни снегулки
  • половина шолја сува брусница
  • половина шолја бело суво грозје
  • половина шолја сончоглед
  • половина шолја сецкани сурови бадеми
  • оризово или бадемово млеко (по желба)
  • банана или сецкани јаболки (по желба)
  • природен засладувач (по вкус)

Подготовка:

Помешајте ги овесните снегулки, брусницата, грозјето, сончогледот и бадемите во чинија со средна величина.

Послужете со оризово или бадемово млеко, банани или сецкани јаболки и природен засладувач по желба

Овесни снегулки