Home ГОТВАЧ Еве како сами да си направите млеко од кокос

Еве како сами да си направите млеко од кокос

1730
SHARE

Цената на млекото од кокос е висока, а на амбалажата често се наоѓа списокот на непознати и неприродни називи. Ви предлагаме здраво и практично ″направи сам ″решение. Повкусно е од купeчкото млеко, поздраво и поевтино

Состојки :

  • 2 шолји органски кокос
  • 2 шолји топла ( не зовриена ) вода
  • 2 шолји вода со собна температура
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 2 лажици мед

Подготовка:
Во големиот сад натопете го кокосот со жешка вода и оставете го поседи 20 минути.
Префрлете ја смесата во блендер, додадете ја преостанатата вода, ванилата и медот. Добро изматете.
Процедете низ газа.
Стакленото шише со млеко од кокос ставете го во фрижидер

Совет:

Рок на траење 3 дена.

Кокосот има разладувачка енергија, па затоа ова млеко или супа од кокос е вистински избор за жешките денови.

Млеко од кокос