Home ГОТВАЧ главни јадења Еве како до совршено испечено пиле

Еве како до совршено испечено пиле

3864
G Natural

Пилешкото од рерна е едно од највкусните јадења кои лесно и брзо се подготвуваат.

Сепак, не е доволно само да го ставите пилето во тавата и да го ставите во рерна да се пече.

Овие мали трикови ќе ви помогнат да го подготвите највкусното и најсочното печено пиле досега.
1. Прво посолете го пилето одвнатре
Посолување на пилето
2. Премачкајте го со смеса од лук
Во блендер направете смеса од лук путер, мајчина душичка и маслиново масло. Со смесата премачкајте го пилето по површината.

Смеса од лук
3. Полнење на пилешкото
Во пилето ставете исецкан лимон, рузмарин и лук и врзете ги нозете со конец за готвење. Така нема да испари прекрасниот мирис од полнењето.

Полнење за пилето

И, пилето после два часа печење на температура од 175 степени би требало да изгледа вака:

Печено пиле

Погледнете го целиот процес во видеото кое следи.