Home СОВЕТИ Еве како да си направите природен „ДОМЕСТОС“ – чудотворно средство за чистење

Еве како да си направите природен „ДОМЕСТОС“ – чудотворно средство за чистење

2951
G Natural

Состојки:

  • eдна или две големи тегли
  • шише со распрскувач
  • алкохолен оцет
  • кора од грејпфрут, портокал или лимон
  • 3-4 капки есенцијално масло од портокал

Подготовка:
Наполнете ги теглите до половина со кората од грејпфрут, лимон или портокал. Останатиот дел од теглите наполнете го со оцет. Добро протерсете и ставете го на сончево место во домот. Запишете ја датата и оставете ја теглата да “мирува” три недели до еден месец. По тој период, исфрлете ја кората, исцедете ја добиената течност и разредете ја со вода 1:1 . Течноста ставете ја во шише со распрскувач и по желба додадете неколку капки етерично масло.
Добиената течност користете ја чистење на рерната, фрижидерот, бањата, вц-шолјата и туш кабината. Одлично ги отстранува сите нечистотии, нема хемикалии а одлично мириса.

Природен Доместос

Извор: boza.mk