Home ГОТВАЧ Еве како да си направите највкусни домашни ѓевречиња

Еве како да си направите највкусни домашни ѓевречиња

41295
G Natural

Состојки:

  • 25 гр свеж квасец
  • 50 гр стопен маргарин
  • 1 јајце
  • 2 лажици шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 1 жолчка
  • 2 лажици млеко
  • 250 мл. млако млеко
  • 500 гр брашно и плус по потреба

Подготовка:

Брашното го просејуваме.
Во длабок сад го ставаме брашното и правиме во средината дупка, го рониме квасецот, додаваме 2 лажици шеќер и го ставаме целото млако млеко и оставаме квасецот да стаса.
Изработуваме доста тврдо тесто, го покриваме со крпа и го оставаме да го зголеми волуменот.
Кога тестото ќе стаса внатре додаваме 1 јајце, стопениот маргарин, сол и брашно за да добиеме меко и еластично тесто и се добро измесуваме околу 4-5 мин, за сите состојки добро да се соединат. Го покриваме тестото со крпа и го оставаме повторно да стасува.
Стасаното тесто го делиме на 7 дела и од секој дел правиме сукалца долги 40 цм и краевите ги составуваме.
Ѓевреците ги премачкуваме со жолчка во која сме додале 2 лажици млеко и ги наросуваме обилно со сусам.
Печеме во подмачкана тепсија на 180 Ц додека не добијат убава румена боја

Добар апетит!