Home СОВЕТИ Еве како да се спасите од мравките во домот

Еве како да се спасите од мравките во домот

3428
G Natural

Со доаѓање на топлите денови, мравките почнуваат со собирање на зимница, а нашиот дом е омилена дестинација.

Еве како да се спасите од досадните мравки кои го окупирале вашиот дом:

Исчистете ги сите простории во домот

Првиот чекор во борба со мравките е темелното чистење на сите површини каде тие се собираат. Најдобро е тоа да го направите со вообичаено средство за чистење и вода.

Бел оцет

Најпознатото природно средство за истерување на мравките е белиот оцет. Користете го со помош на распрскувач, така што ќе измешате еднаква количина оцет и вода во шишето со распрскувач. Испрскајте ги местата на кои сте ги забележале мравките.

Цимeт во прав

Патеката по која мравките се движат обилно поросете ја со цимет. Мравките не го поднесуваат интензивниот мирис на цимет.

Кујнска сол

Неколку лажици кујнска сол измешајте со врела вода и кога ќе се излади ставете ја во распрскувач. Солената површина ги спречува мравките да влезат во домот.

Креда или детска пудра

Иситнете една креда и ставете ја ивиците на ѕидот – омиленото место на мравките. Истото можете да го направите и со детска пудра.

Мрави