Состојки:
- 500 гр оризови нудли
- 300 гр шунка
- омлет од 3 јајца
- 1 краставица
- 3-4 моркови
Прелив:
- 5-6 големи лажици соја сос
- 3 лажици балсамико оцет
- 1 лажица шеќер
- 3 лажици масло од сусам
- сусам
Подготовка:
Се варат нудлите, се цедат убаво и се мешаат со предходно исецканиот зеленчук и шунка. Зеленчукот и шунката се сецкаат на тенки долги стапчиња. Се пржи омлет од јајцата и се сецка на ленти. Се додава во нудлите,шунката и зеленчукот. Се преливаат со преливот од горе наведените состојки и се посипува со сусам.
Добар апетит!