Home ВАШИ РЕЦЕПТИ Еве како да ја направите познатата „Селска пита“

Еве како да ја направите познатата „Селска пита“

6506
SHARE

Состојки:

За долниот слој:

  • 500 гр мешано мелено месо
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 2 моркови
  • 1 лажица зачин
  • масло
  • 1 лажица брашно
  • 1 лажица доматно пире
  • 2 дл говедска супа од коцка
  • мајчина душица, оригано, магдонос, морско оревче
  • сол, бибер

За горниот слој:

  • 500-600 гр компири
  • 30 гр маргарин
  • 50-80 мл млеко
  • сол
  • 100 гр рендан кашкавал

Подготовка:

Компирите се лупат и се сечат на средно големи коцки или тркалца и се ставаат во сад со солена вода па се варат додека не омекнат.
Додека компирите се варат, се прави слојот од месо:
Кромидот, морковот и лукот ситно се сечкаат и на кратко се пропржуваат на масло . Се додава месото, зачин , бибер и по потреба сол. Се динста 10-ина минути и се посипува со брашно. Се меша внимателно, да не се направат грутки од брашното. Врс месото се налева веќе подготвената супа од коцка и доматното пире. Се динста уште 10-15 минути или додека не се добие убава кремаста густа смеса.
Целата смеса се префла во намастен сад за печење.
Сварените компири се цедат, им се додава маргарин и млеко и се гмечат додека не се добие пире. Со пирето се покрива слојот од месо.
Се пече во загреана рерна на 200⁰С околу 30 мин. Пред крај на печењето, врз пирето се ренда кашкавалот и повторно се враќа во рерна додека не добие крцкава златна коричка.
Кога ќе се испече, се остава да се излади 15-ина минути и после се сече.

Добар апетит!

Селска пита