Home ГОТВАЧ Есенски намирници кои позитивно влијаат на здравјето

Есенски намирници кои позитивно влијаат на здравјето

2850
G Natural

Јаболкото помага во намалување на лошиот холестерол и изобилува со антиоксиданси кои овозможуваат подобар проток на кислород во белите дробови.

Исто така, тоа е одличен извор на витамин Ц, кој помага при јакнење на имунитетот и борбата против настинката.

Карфиолот, слично како и јаболкото, изобилува со витамин Ц.

Тој е богат со антиоксиданси кои ги бришат брчките, но и состојки кои го намалуваат ризикот од рак на бели дробови, па поради тоа им се препорачува на пушачите.

Каликата и шипинката се овошја кои се богати со витамин Ц, фолна киселина и витамини А и Е, како и со калиум. Во сокот на шипинката се наоѓаат три важни полифеноли кои се моќни аксиоксиданси, а според чие делување шипинката е подобра од брусницата, зелениот чај и црното вино. Има антибактериски својства, штити од рак и појава на дијабетис, но и помага во борба против депресијата.

Освен тоа помага и во намалуање на килограмите и симптомите на остеоартритис.

Тиквата е одлична намирница за сите оние кои ги страдаат од алергија. Таа е богата со витамин Ц кој го намалува нивото на хистамин, како и со витамин А и цинк кои го зајакнуваат имунолошкиот систем.

Мандарините содржат двојно повеќе витамин Ц отколку портокалот, а богати се и со фолна киселина и бета каротен кои се неопходни за здрав метаболизам. Тие се одличен извор на пектин кој го спречува апсорбирањето на холестеролот на ѕидовите на крвните садови, а со тоа и ризикот од дебелеење. Пектинот воедно е задолжен и за регулирање и за шеќерот во крвта.