Home ГОТВАЧ гезме Ем вкусно, ем диетално – Ќофтиња со брокула и пармезан

Ем вкусно, ем диетално – Ќофтиња со брокула и пармезан

5788
G Natural

Состојки:

  • 1 брокула
  • 2 чешниња лук
  • 2 млади кромидчиња
  • 50гр рендан пармезан
  • 50гр рендан кашкавал
  • 2 лажици презла
  • 2 јајца
  • црн пипер
  • сол

Подготовка:

Измијте ја брокулата и одвојте ги цветовите. Ставете ги во сад. Додадете ги ренданиот кашкавал, пармезанот, и ситно сецканиот млад кромид и лук. Наросете со лебни трошки, додадете ги јајцата измешани со црн пипер и сол и измешајте.
Со навлажнети раце оформете мали, ќофтенца. Печете ги во рерна, во тава покриена со хартија за печење.
Печете на 200степени, 6-7 минути.
Добар апетит!

Диетално ќофте