Home ГОТВАЧ Експресно: Направете чоколадна тортичка за помалку од една минута

Експресно: Направете чоколадна тортичка за помалку од една минута

2446
G Natural

Направете пауза за десерт.

Денешниот рецепт ќе ви одземе само една минута од вашето време.

Колачот се подготвува без брашно, многу е сочен и е со одличен вкус.

Може да се комбинира со најразлични додатоци и е идеална посластица доколку ве изненадат гости.

Состојки:

  • 1 јајце
  • 2 лажици шеќер
  • ¼ прашок за пециво
  • 2 лажици какао
  • 1 лажица слатка павлака или течна павлака за готвење
  • 1 лажица масло
  • ½ лажица екстракт од ванила (не е задолжително)

Подготовка

Одберете две шољи со вертикални ѕидови за да го подготвите колачот. Дното и ѕидовите добро премачкајте го со масло за да не се залепи колачот. Подгответе и тацни кои ќе одговараат за шољите.

Во мал сад ставете шеќер и какао. Додадете една лажица слатка павлака или течна павлака за готвење, јајце, лажица масло, ванила или нешто друго по ваш вкус (рум, виски, коњак) и на краj прашок за пециво.

Сето ова набрзина изматете го.

Поделете ја смесата во двете шољи . Нежно удрете го дното на шољите од кујнската плотна, за да излезат меурите со воздух.

Печете во микробранова, секоја шоља одделно.

Печењето во микробранова треба да е 20 секунди до  половина минута, на HIGH.

Сервирајте со банани, киви, јагоди, шлаг, чоколадни трошки… Со се што ќе ви падне на памет и за што сметате дека би било вкусна комбинација.

Добар апетит!