Home ГОТВАЧ десерти Експресно – бајадера со оризови снегулки

Експресно – бајадера со оризови снегулки

6355
G Natural

Состојки:

  •  2 јајца
  •  300 гр шеќер
  •  150 гр чоколадо
  • 250 гр маргарин
  •  300 гр мелени бисквити
  • 100 гр експандирани оризови снегулки

Глазура

  • 100 гр чоколада
  • 3 лажици масло

Подготовка:

Пенесто изматете ги јајцата и шеќерот. Ставете ги на тивок оган и ставете го маргаринот. Мешајте додека убаво не се растопи маргаринот и шеќерот. Потоа додајте ги мелените бисквити и оризовите снегулки. Намастете ја тавата и сипете ја смесата. Израмнете со рацете и прелијте со глазурата.

Бајадера со оризови снегулки