Home ГОТВАЧ гезме Експресен ручек – Пиперки со сирење и компир

Експресен ручек – Пиперки со сирење и компир

9693
G Natural

Состојки:

  • 5 пиперки,
  • 6-7 компири,
  • 300 грама сирење,
  • две лажици павлака,
  • 3 јајца, масло,
  • мешавина сув зачин,
  • сол,
  • бибер,
  • магдонос.

Подготовка:

Пиперките исчистете ги и малку посолете ги внатре. Сирењето изгмечете го, па додајте јаце, кисела павлака и пет лажици масло, се измешајте и наполнете ги пиперките. Наредете ги во замастена огноотпорна тава. Во смесата со сирење која ви преостанала додајте сецкан компир, зачинот, бибер и ситно сецкан магдонос. Се добро измешајте и наредете го компирот меѓу полнетите пиперки. Помешајте четири лажици масло и четири лажици вода и прелијте одозгора, па ставете во рерна да се пече на 200 степени. Печете додека компирот не добие златножолта боја.

Пиперки со сирење и компир