Home ВАШИ РЕЦЕПТИ Експрес торта

Експрес торта

4731
G Natural

Овој рецепт ни го испрати Николина Вукалевска од  Св.Никола

Состојки

4 пудинга од ванила

8 лажици шеќер

1 л. млеко

250 гр. маргарин

250 гр. плазма кекси мелени,

200 гр. чоколадо за готвење

50 гр. кокос

2 шлаг пена (или 250мл хопла)

250 мл. млеко (за шлагот)

чоколадни трошки (за декорација)

Подготовка:

Во сад се вари млекото со шеќер, се додава пудингот растопен во малку млеко, и откако ќе се свари и ќе добие густина, се остава да се олади, па се мати заедно со маргаринот додека да се добие хомогена смеса.

Се топи чоколадата за готвење на пареа со малку масло, и потоа се остава да се лади. Бисквитите се мелат или се дробат ситно со сукалка.
Пудингот се дели на 3 дела: во едниот се ставаат мелените бисквити и се меша со рака додека да се соедини смесата, па се става во правоаголен сад (или округла тава 28) рамномерно во вид на кора. Во другиот дел се додава растопената чоколада и се мати со миксер, па се става врз кората со бисквити, а во третиот дел се додава кокосот и се мати со миксер, па се става најодозгора.
Се мати шлагот и се спремачкува целата торта одозгора, па се става во фрижидер или на студено да се стегне. Може да се декорира со чоколадни трошки, или по желба.

Експрес торта

Доколку и вие сакате да споделите со нас и нашите читатели некој ваш омилен рецепт, тоа можете да го направите на оваа страна во секцијата ИСПРАТИ РЕЦЕПТ, или на нашиот меил: info@hitportal.com.mk