Состојки:
4 лажици брашно
2 лажици шеќер
2 лажици какао во прав
1 јајце
3 лажици млеко
лажица масло
екстракт од ванила
лажичка ликер од вишна или чоколадо (по желба)
2 лажици ситно исецкана чоколада (не е задолжително)
Подготовка:
Ставете ги сувите состојки во мал сад (брашно, шеќер, какао). Додадете јајце и помешајте. Додадете масло, млеко, екстракт од ванила и по желба ликер. Мешајте додека не добиете компактна смеса. На крајот додадете од чоколадото.
Смесата ставете ја во микробранова три минути на максимална температура. Колачот е готов.
Добар апетит!