Home ГОТВАЧ Експрес десерти – се прават за 10 минутки а се јадат во...

Експрес десерти – се прават за 10 минутки а се јадат во еден здив

7486
G Natural

Кога температирите се искачуваат над 30 степени, на никој не му е до готвење и подготовка на храна.

Тоа не значи дека не треба да подготвите едноставни посластици кои ќе ве освежат и разладат.

Ова се наши три предлози за кои ќе ви бидат потребни 15 минути.

Кремасто-чоколаден десерт

Потребно е:

– пакување готови кори од чоколадо

– кесичка шлаг крема со вкус по избор

– два реда чоколадо за готвење

– лажица вода или млеко

Подготовка: Готовите кори исечете ги на мали парчиња. Ако имате некој калап може да ги обликувате. Сматете го кремот според упатството и со него исфилувајте ги корите. Преку нив премачкајте ја растопената чоколада. Ставете во фрижидер да се олади.

Чоколадно кремаста закуска

Тирамису

Потребно е:

– 4 жолчки

– 100 грама шеќер во прав

– 500 грама меко сирење (маскрапоне е идално)

– 250 милилитри слатка павлака

– 2 поголеми пакувања бисквити

– 2,5 децилитри готвено силно црно кафе

– малку рум

– 100 грама какао во прав

Подготовка: Изматете ги жолчките со шеќерот во прав и гответе на пареа додека не згуснат. Кога смесата добро ќе се олади додајте го сирењето и малку матете. Посебно изматете ја слатката павлака, па и тоа додадете го кон претходната смеса и повтрно изматете со миксер. Бисквитите натопете ги во црното кафе во кое додавате малку рум и ставете ги во малку длабок сад. Одозгора ставете го филот, па потоа повторно натопени бисквити и остаток од филот. На крајот декорирајте со какао прав.

Тирамису

Овошје во чаша

Потребно е:

– ½ литри слатка павлака

– 150 грама боровница

– 150 крама капини

– 150 грама малини

– 200 милилитри јогурт

– ½ лажица цимет

– лажичка листови од лаванда

Подготовка: Изматете ја слатката павлака и додајте го измиеното овошје, јогуртот, циметот и листовите лаванда. Сето тоа лесно измешајте и ставете во замрзнувач. Украсете по желба.

Овошје во чаша