Состојки:
- 20 лажици брашно
- 25 лажици шеќер
- 800 мл. млеко
- 250 гр. маргарин
- 200 гр. шеќер во прав
- 150 гр. брашно
- 100 гр. маргарин
- 250 мл. вода
- 4 јајца
- 2 ванилин шеќер
Подготовка:
Водата и маргаринот зовриваат, се трга тенџерето од оган и се додава брашното. Смесата се меша додека се изедначи и се остава да се излади. Јајцата се додаваат едно по едно и убаво се мешаат со смесата(со миксер, со лажица или со рака). Се пече во тавче број 26 намрсено со маргарин. За подготовка на филот, брашното, шеќерот и ванилиниот шеќер се мешаат со дел од млекото и се варат во преостанатото млеко како за пудинг. И оваа смеса убаво се лади и потоа се замешува со маргаринот убаво изматен со шеќерот во прав. Испеченото тесто се дели на половина и се филува со кремот. Потоа се филува и целата торта и се украсува.
Испеченото тесто може да не е насекаде подеднакво пораснато. Не се паничете, искројте го. Кога ќе го наредите врз филот и кога врз него ќе го ставите преостанатиот фил, на тортата ништо нема да се познава. Поедноставно е и за промена интересно, отколку да правите поединечно еклери.
Добар апетит!