Home ГОТВАЧ бабини рецепти Едноставно а толку вкусно – Какао коцки

Едноставно а толку вкусно – Какао коцки

2830
0
SHARE

Ако во ладилникот немате ниту јајца, ниту млеко, ниту путер, а сакате да направите брз и сочен колач, тогаш пробајте го овој едноставен рецепт. За неговата подготовка нема да извалкате многу садови, а не ви треба ниту миксер.

Состојки:

  •  1/2 шолја брашно
  •  3 лажици какао
  •  1 шолја шеќер
  •  1 лажица сода бикарбона
  •  1/2 лажичка сол
  •  1 лажичка алкохолен оцет
  •  5 лажици масло
  •  1 шолја вода

Подготовка:
Рерната вклучете ја на 180 степени. Во правоаголен сад за печење најпрво измешајте ги сувите состојки. Во смесата направете 2 вдлабнатини. Во едната ставете го оцетот, во другата маслото. Сето тоа полијте го со водата и мешајте со лажица додека не добиете хомогена смеса. Решетката во рерната поставете ја на средина и печете околу 35 минути. Колачот можете да го украсите со чоколадна глазура. Оваа смеса можете да ја користите и за мафини.

Какао коцки