Home СОВЕТИ Едноставен тест: Проверете колку е старо јајцето кое сте го купиле

Едноставен тест: Проверете колку е старо јајцето кое сте го купиле

2652
G Natural

Сигурно сте слушнале за советот дека ако јајцето исплива на површина не би требало да го користите.

Тоа е апсолутно точно, а на сличен начин можете да ја проверете и свежината, односно староста на јајцето.

За овој тест ќе ви биде потребно само сад со вода.

Свежо јајце

Ако ставате јајце во сад со вода, а тоа веднаш паѓа на дното, тоа значи дека јајцето е потполно свежо.

Ако јајцето малку се подигне, тоа значи дека е старо неколку дена.

Јајце старо три недели

Ако јајцето падне на дното, но лесно се подигне кон површината, старо е околу три недели.

Старо или расипано јајце

Ако го ставите јајцето во сад со вода, а тоа веднаш исплива на површината, веројатно е расипано и со самото тоа не е за јадење.