Состојки:
- 4 полни лажици квалитетно какао
- 3 полни лажици шеќер во прав
- 1 полна лажица млеко во прав
- 2 полни лажици густин
- 100гр рендано чоколадо
- 1 лажиче цимет (по желба)
Подготовка:
Сите состојки убаво измешајте ги и ставете ги во некоја стаклена тегла.
На еден литар млеко додадете 5-6 лажици од оваа смеса и варете на тивок оган, додека не ја постигнете саканата густина.
За една чаша. На 200-220мл млеко додадете една до две лажици од двете смеси.
На здравје!