Home ГОТВАЧ десерти Едноставен рецепт: Брза торта со банани

Едноставен рецепт: Брза торта со банани

15727
G Natural

Подгответе го овој едноставен рецепт за торта со банани!
Вкусот е одличен, а се поготвува многу едноставно!
Овој десерт се прави брзо и уште побрзо ќе се изеде!

Идеален е за почетници во кујна!

Состојки:

  • 3 пудинзи од ванила
  • 1 литар млеко
  • 5 лажици шеќер
  • 3 банани
  • Шлаг пена или течен шлаг
  • 450 грама бисквити

Подготовка:

Загрејте  го млекото заедно со шеќерот. Додадете го измешаниот пудинг и мешајте на оган.

Искршените бисквити ставете ги во сад и додадете ги бананите исецкани на парчиња.

На ова додадете го сварениот пудинг и измешајте.

Фино распоредете ја смесата во садот и ставете ја во фрижидер за да се излади.

Изматете ја шлаг пената со шеќер по желба и премачкајте преку изладената торта.

Добар апетит!