Home ПИЈАЛОЦИ здрави Едноставен и природен лек против стрес, депресија и висок притисок

Едноставен и природен лек против стрес, депресија и висок притисок

3116
G Natural

Jогуртот изобилува со калциум и добри бактерии кои прават баланс во секојдневната исхрана.

Ги зајакнува коските, а истовремено помага во елиминирање на стресот и депресијата.

Овој млечен производ кој треба да е дел од секојдневната исхрана, исто така влијае на зајакнување на имунитетот и го одржува здравјето на срцето.

Го намалува крвниот притисок

Редовното конзумирање на јогурт го намалува ризикот од висок крвен притисок. Само 170 милилитри јогурт на ден го намалува покачениот притисок за 31 %.

Фитнес сојузник

Јогуртот е одличен избор на проетеини и јаглехидрати. Поради ова се препорачува да се јаде после тренинг. Протеините овозможуваат раст на мускулите и го стабилизираат нивото на инсулин во крвта.

За здрава и сјајна насмевка

Јогуртот го намалува кариесот и го елиминира лошиот здив.

Против настинка

Конзумирањето на 300 милилитри јогурт во денот, го намалува ризикот од појава на грип за 25 %.