Искористете ги деновите на викендот да направите нешто добро за себе. Научно е докажано дека намаленото внесување калории значи и подолг живот. Не влегувајте во стапицата на викенд мрзеливоста и одолејте им на домашните јадења полни маснотии и рафинирани состојки.
Еднодневната тура за слабеење ќе ви помогне да се ослободите од еден килограм,со викенд диетата се ослободувате од два килограми.
ЕДНОДНЕВНА ДИЕТА
1ден -1кг.помалку
Штом станете, испијте чаша топла вода со јаболков оцет, а потоа изедете едно парче интегрален леб и едно парче младо сирење. Засладете со една крушка или едно јаболко.
Во текот на денот внесете многу течности и заборавете на белковините. Пијте лимонада која ќе ја направите од 125мл.лимонов сок и 875 мл.вода.
На пладне направете сок од зеленчук направен од бел дел од праз, тиквици, излупен домат и кромид и изедете 350 гр зеленчук, како обарен спанаќ, тиквици и модри патлиџани подготвени на тефлон.
Трик: Навечер изедете само една чинија супа.
ВИКЕНД ТУРА
2 дена – 2 килограми помалку
Овој режим на исхрана се применува два дена, најдобро преку сабота и недела.
Наутро изедете едно варено јајце или обарено парче пилешко месо, две парчиња интегрален леб, една шолја јогурт или зелен чај со малку лимонов сок.
На пладне јадете риба и зеленчук по желба, а навечер супа, зеленчук по желба како и овошје. Пијте два литра вода дневно, а навечер зелен чај.
Трик: Во вода за бањање додадете десет капки есенцијално масло од рузмарин затоа што за забрзува циркулацијата и спречува отоци или десет капки од есенцијално масло од лимон кое ќе ве освежи.
Извор: lady.mk