Home ГОТВАЧ Доживејте го вкусот на Италија во вашата кујна – песто сос, лесно...

Доживејте го вкусот на Италија во вашата кујна – песто сос, лесно и евтино

3699
G Natural

Песто е традиционален италијански сос кој потекнува од Џенова. Иако денес постојат бројни варијанти на овој вкусен сос, сепак, најпопуларен е оригиналниот песто сос со босилек — Pesto alla Genovese.
Сосот се подготвува брзо, едноставно и не бара многу време.

Состојки:

  • 3 чешниња лук
  • 100 гр индиски ореви или пак бадем, лешник, ореви било што од овие јаткасти плодови
  • 150 гр свеж босилек
  • 200 мл маслиново масло
  • сол и бел бибер
  • 50 гр пармезан

Подготовка:

Исечете го лукот на мали парченца – Босилекот исечкајте го покрупно.
Во сад ставете го лукот, оревите и босилекот, а маслиновото масло додадете го на крајот. Смесата се меша со миксер, се додека не се добие кремаста маса која не смее да биде многу ситна.
На крај, изрендајте го пармезанот ( а може и со пармезан во кесички кои го има во секој маркет) и додадете сол и бибер по желба.

Совет:

Пестото ќе ја задржи својата зелена боја подолго време ако додадете лажица витамин Ц во прав. Се препорачува сосот да се чува во стаклен сад.

Песто сосот најдобро оди во комбинација со шпагети, но пробајте го и со зеленчук на скара, печен компир или како намаз во сендвичи.

Песто