Home ГОТВАЧ гезме Домашни кубети

Домашни кубети

5084
G Natural

Состојки:
• 1 кг.  брашно
• 40 гр квасец
• 1 лажица сол
• 1 шолја масло
• 1 пакетче ким
• 100 гр. сусам
• 250 мл. млеко (по потреба)

Подготовка :
Во брашното се прави вдлабнатина во која се става квасецот со прстофат шеќер и дел од затопленото млеко. Потоа се додаваат и другите состојки, од кои топлото млеко на крај.
Се меси средно тврдо тесто кое го развлекуваме на намастена работна површина во вид на правоаголник или коцка со дебелина од 1 см. Со нож хоризонтално и вертикално се сече на растојание од 1 см.
Кубетите се премачкуваат со масло и се редат на подмачкан плех.
Се печат на 180 степени и на секои 5 мин се отвора рерната и се протресуваат. Готови се кога од сите страни ќе заруменат.
Добар апетит!