Home СОВЕТИ Доктор Оз откри три меѓународни тајни за слабеење

Доктор Оз откри три меѓународни тајни за слабеење

2780
G Natural

Во секојдневната исхрана вклучете кисел зеленчук и житарици

Популарниот доктор Мехмед Оз во својата емисија открил три меѓународни „тајни“ кои гарантираат слабеење.

Ако ги вклучите во вашата секојдневна исхрана, може да ви овозможат губење од осум килограми за 12 месеци.

Еве кои се тајните за витка линија нажените во Унгарија, Швајцарија и Јужна Африка

Меѓународна тајна број 1: Унгарија

– Процесот кој го користат за да подготват зеленчук е тајната која на Унгарците им осигурува слабеење. Скоро и да нема калорија во киселиот зеленчук, па затоа претставува идеална храна за многумина, го објаснил доктор Оз вистинското значење на скиселениот зеленчук.

Оцетот кој притоа се користи може да го олесни губењето на вишокот на килограми или пак да спречи дебелеење. Од друга страна, кај овој зеленчук треба да обрнете внимание на количината на сол и шеќер која ја содржи.

Меѓународна тајна број 2: Швајцарија

Тајната за витката половина на Швајцарките лежи во утринската порција на мусли.

– Секогаш им препорачувам мусли на луѓето на кои им здосадила овесната каша. Се работи за житарици со цело зрно, што значи дека ќе ве заситат и помагаат да не посегнете по нешто слатко, тврди популарниот телевизиски лекар.

Овие житарки јадете ги со млеко или јогурт кој содржи малку масти (0,9% масти), а можете да додадете и рака свежо овошје (боровинки, на пример) и јаткасти плодови.

Меѓународна тајна број 3: Јужна Африка

– Храната во Јужна Африка е толку мултикултурна што се вика „виножито кујна“, но не е важно што жените од ова поднебје јадат за да бидат слаби, туку што пијат. А тоа е роибос чај, објаснил доктор Оз.

За разлика од црниот чај, роибос не содржи кофеин, што го прави соодветен за конзумирање во текот на целиот ден, а особено им се препорачува на луѓето кои патат од несоница, пореметување во спиењето, стрес и напнатост. Со оглед на тоа што е природно сладок, нема потреба од дополнителен шеќер. Пробајте да замените една шоља црно кафе со овој чај и можете да сметате на 3,41 килограм помалку во една година.

Може да се пие и ладен, а може и да се меша со сок од портокал. Некои го користат дури и за коктели.