Home ГОТВАЧ гезме Диетални грицки кои можете да ги јадете кога и да посакате (рецепт)

Диетални грицки кои можете да ги јадете кога и да посакате (рецепт)

13304
G Natural

Чипс, стапчиња, смоки – овие лесно можете да ги замените со здрави грицки кои имаат одличен вкус.

Чипс од кељ со пармезан или крцкава леблебија се само некои од диеталните и здрави замени за нив.

Морков

Освен што на овој начин ќе имате вкусни и здрави грицки, нема ни да се измачите за да ги подготвите, а потребни ви се само дваесетина минути.

Состојки:

-2,3 моркови, малку маслиново масло, сол

Подготовка:

Исечете ги морковите на тенки стапчиња, испрскајте ги со маслиново масло, измешајте ги (најдобро со рака). Распоредете ги на хартија за печење така што нема да се допираат. Печете ги на 180 степени 20 минути. Често проверувајте како оди печењето затоа што лесно можат да изгорат.

морков

Цвекло

За чипсот од цвекло ќе ви биде потребен еден час подготовка.

Сосотојки:

– 3 средни главици цвекло, 1 ипол калжица маслиново масло, сол

Подготовка:

Рерната загрејте ја на 180 степени, цвеклото излупете го и исечете го на тенки кругови. Измешајте ги во еден сад со маслиново масло и посолете. Парчињата распоредете ги на хартија за печење, но да имаат доволно место и печете 10 до 15 минути, превртете ги, па печете ги уште толку. Ако круговите не се доволно крцкави, печете уште малку. Послужете ги откако ќе се оладат, а во херметички затворен сад можат да стојат и до три дена.

цвекло

Леблебија

Овие здрави грицки во комбинација со зачини имаат многу малку калории и маснотии, а вкусни се и богати со влакна.

Состојки:

– количина леблебија по желба, 1 лажица црвен пипер, малку лута пиперка, маслиново масло, зачини по желба (рузмарин, мајчина душичка, оригано).

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени, леблебијата која претходно сте ја зготвиле и оставиле малку во вода, исцедете ја добро. Во поголем сад ставете ја леблебијата и зачините и додадете неколку капки маслиново масло. Посолете по потреба и добро измешајте, а потоа ставете ја во тава која претходно сте ја покриле со хартија за печење. Печете околу еден час повремено мешајќи се додека не добијат златно-кафена боја и не станат крцкави.

леблебија

Кељ

За чипс од кељ сигурно сте слушнале, но можеби повкусна ќе ви биде верзијата со пармезан.

Состојки:

– Листови од половина главица кељ, маслиново масло, сол, пармезан.

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени и на тава ставете хартија за печење. Отстранете ги тврдите делови од средината на секој лист кељ, но внимавајте листовите многу малку да ги оштетите. Ставете ги на хартија за печење и попрскајте ги со маслиново масло и посолете. Печете го кељот десетина минути додека не стане крцкав. Над готовиот кељ ставете пармезан и вратете го во рерна да се пече уште пет минути.

Чипсот од кељ можете да го чувате до четири дена ако го ставите во сад и цвсто го затворите.

 

кељ