Home ГОТВАЧ здрава храна Диета со сирење – штедлива и без гладување

Диета со сирење – штедлива и без гладување

6275
G Natural

Сакате да ослабете, но не поднесувате ни една диета со гладување? Пробајте ја диетата со млечни производи со која може да ослабете без чувство на глад. Суштината на оваа диета е сирење со мала содржина на маснотии и кефир, намирници кои допринесуваат за брзо согорување на мастите и го блокираат настанокот на истите.

Ќе заштедите многу повеќе ако кефирот си го приготвувате сами, а секако продолжете да го пиете и после завршувањето на диетата, бидејќи ќе ви помогне во одржување на киограмите, јакнење на имунитетот и чистење на телото од токсини.
Во текот на диетата ќе имате чувство на ситост.
Диетата држете ја не подолго од 10 дена. За тој период би требало да изгубите од 3 до 5 килограми.
Важно е да не ги кршите правилата на диетата: Не јадете благо и не пијте алкохол!
Изберете една од варијантите на диетата и држете се до неа:
Прва варијанта
Во текот на денот изедете 400 грама ситно сирење и испијте 1,5 литри немасен кефир. Поделете ја храната на 4-5 еднакви порции. Пијте доста вода или билни чаеви. Последната чаша кефир испијте ја точно пред спиење.
Втора варијанта
5 пати на ден изедете 60 грама безмасно сирење и испијте по една шолја кефир.
Трета варијанта
Во текот на денот изедете 500 грама урда, 2 парчиња овошје (не и банани), пијте вода и зелен чај
Четврта варијанта
Изедете во текот на денот 500 грама безмасно сирење и 2 чаши кефир, во кој може да додадете житарки.

Сирење