Состојки:
- 5-6 кг сливи
- 3 пакетчиња ванилин шеќер
- 1 лажичка цимет
- рендана кора од 1 лимон
Подготовка:
Сливите се мијат, се преполовуваат и им се вадат семките. Се ставаат во поголем длабок плех или тепсија и врз нив се става ренданата кора од лимон и ванилин шеќер. Се печат во рерна на 220°С околу 90 мин до 2 часа, зависи колку густ џем сакате. Колку повеќе се печат, толку повеќе сливите ќе омекнат и ќе се згуснат. Додека се печат, еднаш можат внимателно да се измешаат со дрвена лажица.
Топлиот џем се става во топли тегли и веднаш се затвора.
Добар апетит!