Home ГОТВАЧ Џејми Оливер открива: 14 супер намирници со кои ќе доживеете 100 години

Џејми Оливер открива: 14 супер намирници со кои ќе доживеете 100 години

7004
G Natural

Популарниот водител Џејми Оливер, водеше кампања за подобрување на исхраната во училиштата, а сега има цел која ја опфаќа целата нација.

План на исхрана кој ќе ни обезбеди да доживееме 100 години!

Џејми патувал по светот и составил листа од 14 „магични“ намирници, како што се риба и јајца и треба да бидат дел од сечија кујна.

Во неговата ТВ емисија, Џејми ги открил триковите за подолг живот, како што се намалување на порциите месо на две неделно и конзумирање на најголемиот дел од дневните калории во првата половина од денот.

Тој вели дека резултатот од добрата исхрана е должината на животот како и неговиот подобар квалитет.

Џејми патувал во Костарика, Окинава во Јапонија и грчкот остров Икарија кој е познат по здравата исхрана. На овие дестинации луѓето живеат подолго отколку во останатите делови од светот, а бројот на заболени од рак и срцеви болести е многу помал.

Познатиот готвач во својата емисија открил дека трикот не е во егзотичните намирници, како коџи бобинки, туки да се готви паметно со едноставни намирници.

Покрај 14-те супер намирници како што се тофу, црниот грав, слаткиот компир и чили пиперката, Оливер открил и некои навики во исхраната кои ги имаат луѓето кои живеат на местата кои ги посетил.

Тие ги ограничуваат порциите месо на 2 или 3 неделно, а појадокот секогаш им е пообилен од вечерата.

Кои намирници треба да ги јадете и што содржат?

1. Јајца – витамини Д, А, Б2 и Б12, фолна киселина и јод
2. Козјо млеко – калциум, протеини и витамини
3. Риба – омега 3 масни киселини
4. Сладок компир – витамини А, Б5, Б6
5. Див зеленчук и билки – магнезиум и фолна киселина
6. Тофу – осум есенцијални аминокиселини, железо и калциум
7. Ореви – бакар, фолна киселина, магнезиум
8. Црн грав – влакна, калиум, железо, фолна киселина и магнезиум
9. Свежо овошје – многу различни витамини
10. Морска трева – железо и витамин Б12
11. Див ориз – влакна, магнезиум, фосфор
12. Лук – витамини Ц и Б6, манган, селен и антиоксиданси
13. Шкампи – магнезиум, цинк, селен и витамин Б12
14. Чили – витамини Ц, А и антиоксиданси

– Кога патував по светот и ги посетив луѓето кои живеат најдолг и најквалитетен живот, сите тие јадеа обилен појадок. На поголемиот дел од нас им е потребна енергија наутро за да во текот на денот да ги извршиме сите обврски, а не навечер кога само ќе одмараме и ќе спиеме, изјавил Џејми.

џејми оливер