Home ПИЈАЛОЦИ весели Десет летни алкохолни пијалоци од кои нема да се здебелите

Десет летни алкохолни пијалоци од кои нема да се здебелите

3618
G Natural

Летото е време за годишен одмор, одмарање, капење, гурмански задоволства и по некој добар пијалок.

Меѓутоа, тука доаѓаме до проблем.  Со оглед на тоа што на летните горештини не е тешко да се придржуваме до лесната, немасна храна, најмногу од се ни одговараат освежувачки, слатки, алкохолни пијалоци.

Еве кои се 10-те подеднакво вкусни, но диетални коктели.

Тропикал Сангрија

Овој пијалок општо познат е како лесен женски пијалок. Преполн е со овошје и се пие добро изладен па совршено одговара за време на високите летни температури. А што се однесува до алкохолот, Сангријата содржи најмногу вино и тоа црно кое е здраво за нашата крвна слика.

Даикири

Даикирито веќе стана традиционален летен пијалок. Има основна формула и рецептура на која може да се комбинира било кое сезонско овошје. Елегантно и совежително!

Леден коктел од лубеница

Овој коктел го обожуваат скоро сите. Го содржи омиленото летно овошје – лубеница и е неодолив. Многу лед, лубеница и алкохол, и забавата може да почне. Напревете неколку литри и повикајте ги пријателите на дружење. Ќе бидат воодушевени.

Смрзнат Џо

Frozen Joe е коктел идеален за обожавателите на кафе. Ке ја згасне вашата жед и желбата за кофеин истовремено. Она што е најубаво за време на уживањето во овој вкусен напиток нема да се здебелите ни грам.

Мартини од малини

Префинет и неверојатно вкусен напиток. Овој коктел е совршен за жешките летни вечери. Ако ви се допадне, па препуштете и се малку на фантазијата. Пробајте да комбинирате боровница, наместо малина.

Џин инфузија

За оние храбрите кои ги сакаат и ги поднесуваат жестоките пијалоци, тука е Gin Infusion. Создаден е за попладневно освежување и партија карти со пријателите.

Apricot Royal

Слатко, лесно со совршена пена на врвот. Овој коктел е добар избор за меѓу оброците. Неговата основа е на кајсија, па совршено одговара на секој гладен желудник кој истовремено сака да се освежи.

Мартини со грејп и босилок

Дуректно од градината во чаша, ова е единственото и основно правило на овој коктел. Свежите намирници, грејп и босилокот одлично се согласуваат.

Амарето со боровница

Ова е многу вкусен коктел кој содржи малку калории, но е преполн и со антиоксиданси. Меѓутоа, неговиот вкус е неодолив и совршен за оние кои од летните напитоци очекуваат нешто повеќе.

Вкус на тропско овошје

Егзотично и слатко! Вкус на ананас, рум и освежителен кокос – ова е коктел која ќе го сака секоја дама.