Home ГОТВАЧ бабини рецепти Десерт од детството – Брзи гонзалес

Десерт од детството – Брзи гонзалес

18438
SHARE

Состојки:

Тесто:

  • 3 јајца
  • 12 лашици шеќер
  • 1 филџан масло
  • 1 филџан млеко
  • 15 лажици брашно
  • 1 прашок за печење
  • 100 гр кокос

Прелив:

  • 15 лажици вода
  • 15 лажици шеќер
  • 3 лажици какао
  • 1 маргарин
  • 1 ванила шеќер

Подготовка:

Убаво изматете ги јајцата и шеќерот. Потоа, постепено додавајте ги млекото, маслото, брашното и прашокот за печење и на крај кокосот.

Печете во тава 28 на 180 степени околу 20 мин.
Во огноотпорен ставете ги   сите состојки за преливот и на умерен оган со повремено мешање растопете ги и  убаво се измешајте.

Смесата не смее да проврие.
Кога малку ќе подолади тестото се сече на парчиња (коцки) и потоа се прелива со преливот.
Добар апетит!

Брзи гонзалес