Home ГОТВАЧ десерти Десерт кој не троши струја – Полнети банани, брзо и без готвење

Десерт кој не троши струја – Полнети банани, брзо и без готвење

3271
G Natural

Доколку сте љубител на убавите и слатки работи кои се подготувуваат без мака и брзо, тогаш овој рецепт е само за вас.

Состојки:

Банани
Чоколадо (70% какао)
Путер од кикирики
Лешници

Подготовка:

Бананата се сече на половина и со лажичка од средината се вади внатрешноста. Се топи чоколадо и додека сеуште топло, натопете ги бананите во чоколадото до половина.

Лешникот иситнет на парченца ставете го во чинија. Додека чоколадото е сеуште топло бананата нежно се тркала во лешниците.

Путерот од кикирики ставете го во шприц или торбичка за декорација. Пополнете ја бананата. Ставете во фрижидер додекс чоколадото не се стврдне.

Совети:

– Бананите брзо ја менуваат бојата, доколку не ги конзумирате веднаш – потопете ги во сок од лимон пред приготвувањето.

– Ако сакате посилен вкус на лешникот –  накратко испржете го во тава.