Home ГОТВАЧ Данска салата со тестенини

Данска салата со тестенини

4963
G Natural

Состојки:

  • 200 г тестенини супа во облик на полжавчиња
  • 1 / 3 чаша оцет
  • малку сол
  • 4 лажици масло
  • бибер
  • 125 гр телешко месо печено
  • 150 гр замрзнат грашок
  • 1 црвена пиперка
  • 1 / 2 чаша фино исецкана краставица
  • 4 супени лажици мајонез
  • 2 мали лажички сенф

Подготовка:

Варете ги тестенините во солена вода, осум минути, па прелејте ги со ладна вода. Исцедете ги.
Помешајте го оцетот и маслото, солта и биберот. Истурете го врз тестенините и оставете ги некое време.
Печеното телешко месо исечете го на мали парчиња. Во покриен сад динстајте го три минути посолениот грашок со малку вода. Пиперката, исчистете ја и исецкајте ја на мали коцки.
Месото, исцедениот грашок, пиперката и краставицата измешајте ги со тестенините. Додадете ги мајонезот и сенфот и промеајте полека и уште еднаш зачинете по вкус.

Добар апетит!

Данска салата